Младите репрезентации на Македонија и Косово повторно не си дадоа гол
Натпреварот во средата се одигра во Приштина, а денешниот во Скопје и двата беа прилично слични. Немаше многу динамика, не беа креирани многу шанси, но им послужи на селекторите да видат со што располагаат пред стартот на квалификациите за Европското првенство.
Првиот натпревар од квалификациите, Македонија го игра на 5 септември, против Полска на гостински терен.