
Почина претседателот што го донесе Панчев во Интер
Тој беше прв човек на „нераѕурите“ во периодот од 1984 до 1995 година и во неговиот мандат, во Интер дојде македонскиот голгетер Дарко Панчев, во 1992 година. Покрај него, во тој период во миланскиот клуб пристигнаа и неколку големи ѕвезди на светскиот фудбал како Лотар Матеус, Андрес Бреме, Јирген Клинсман, Карл Хајнц Румениге, Матијас Замер, Денис Бергкамп итн.
Додека Пелегрини го водеше клубот, Интер го прекина 26-годишниот пост на европска сцена и ги освои трофеите во Купот на УЕФА во 1991 и 1994 година, а во 1995 на негово место дојде Масимо Морати.