Ѓорче Петров доминантно до 18. пехар во Купот и двојната круна

Екипата на Ѓорче Петров е освојувач на двојната круна во домашниот ракомет откако на освоената шампионска титула од пред неколку дена, денеска го додаде и оној од Купот на Македонија чија завршница се одржа во Радовиш.

Во големото финале, ѓорчепетровки убедливо го совлада Чаир со 36-19 во меч во кој доминираа во текот на сите 60 минути и ја демонстрираа сета надмоќ во однос на конккуренцијата. По почетните 2-0, во водство, до 20. минута ја имаа предност од два разлика за потоа првпат да отидат на +4 (11-7). Чаир немаше одговор и во финалните десет минути од првото полувреме, Ѓорче Петров веќе отиде на шест гола предност (15-9).

Вториот дел не донесе промена на силите, водството на Ѓорче Петров се зголемуваше од минута во минута, во 43., разликата првпат беше двоцифрена (23-13), а на десетина минути пред крајот беше +15 (32-17). Единствената дилема беше со кој резултат ќе заврши финалниот натпревар.

Најефикасна во победничката екипа беше Ивана Дежиќ со 9 гола, Ризовска додаде 8, а кај Чаир, Георгиевска постигна 5 погодока. Дежиќ беше прогласена за најдобар стрелец на завршниот турнир, Катарина Митровиќ од Чаир е најдобра голманка, додека Ризовска го понесе МВП признанието. За Ѓорче Петров, ова беше 18. трофеј во Купот на Македонија, најблиску до него е Вардар со шест, Металург има пет, а Куманово три.