
На повидок романтичен трансфер: Хендерсон пред враќање во Премиер лигата
Според информации од британските медиуми, раководството на Сандерленд веќе доставило официјална понуда за 34-годишниот фудбалер за врска, кој моментално настапува за холандскиот Ајакс. Хендерсон е подготвен да го напушти Амстердам и повторно да заигра во својата родна земја, што би значело и емотивно враќање на „Стадионот на светлината“, каде што го започна својот фудбалски пат.
Сандерленд сезонава избори враќање во елитата и во Хендерсон гледаат искуствен лидер кој би бил клучен за нивното стабилизирање во Премиер лигата. Тој за „црните мачки“ играше од 2008 до 2011 година, по што следуваше трансфер во Ливерпул.
Во изминатата сезона Хендерсон одигра 45 натпревари за Ајакс, постигна еден гол и запиша шест асистенции. Иако има договор со холандскиот клуб до јуни 2026 година, не се исклучува можноста за трансфер ако се постигне договор меѓу двете страни.