
Интер во финалето ќе игра со третиот дрес, поради - суеверие!
Тие беа извлечени како номинални гости во финалето, па не можат да го носат традиционалниот сино-црн дрес. ПСЖ ќе игра со нивниот прв дрес, па нероазурите треба да носат посветла варијанта.
На Интер му остана да бира дали ќе игра со вториот, бел дрес или ќе се одлучи за третиот, жолтиот.
Изборот на фудбалерите падна на третиот, чисто од суеверие.
Според „Газета дело Спорт“, тие не го избрале белиот дрес затоа што единствениот пораз оваа сезона во Лигата на шампионите им се случил кога биле облечени во бело. Тогаш загубиле од Баер Леверкузен.
За разлика од белиот, со жолтиот играле двапати, победиле и во двата натпревари, против Спарта Прага и Феенорд.
Фото: EPA