Ајакс му го зема помошникот на Слот, Хеитинга стана тренер на гигантот од Амстердам!

Поранешниот холандски фудбалер, Џон Хеитинга се враќа во Ајакс, тој е назначен за нов тренер на славниот холандски тим.

Хеитинга во 2023 година беше тренер на Ајакс, а потоа замина со Арне Слот во Ливерпул, беше дел од стручниот штаб кој му ја донесе титулата на англискиот тим.

По една сезона заедно, Хеитинга се враќа во Ајакс, назначен е за главен тренер на тимот.

„Ајакс постигна договор со Џон Хеитинга. Тој потпиша договор со клубот до 30 јуни 2027 година“, стои во соопштението на холандскиот клуб.