Брендан Роџерс пред потпис со новиот клуб
Наводно, Ирецот е во завршни преговори со клубот од Блискиот Исток и се очекува договорот помеѓу двете страни да биде постигнат до крајот на неделата.
Роџерс кој во кариерата во Англија го водеше и Лестер, последниот ангажман го имаше во Селтик.
Ал Кадсија неодамна остана без тренер по разделбата со Мичел, а клубот се одлучи Роџерс да биде негов наследник.
Во овој момент Ал Кадсија се наоѓа на петтото место на табелата во првенството на Саудиска Арабија.