
Најцрната прогноза се оствари: Заврши годината за најдобриот играч на ТФТ!
Кошаркарот на ТФТ имаше страшна повреда во финишот од мечот, веднаш легна на паркетот, а по медицинската интервенција, соиграчите на раце го изнесоа од теренот. Браун плачеше додека излегуваше.
По извршените прегледи врз Зек Браун, констатирано е дека станува збор за скинат вкрстен лигамент. Тоа значи дека за него не само што сезоната е завршена, туку и целата календарска година. Нема да заигра веќе кошарка во 2025.
Браун беше најдобриот кошаркар на ТФТ оваа сезона, постигна и најмногу поени и беше еден од најзаслужните што тимот од Тафталиџе стигна до големото финале.
Неговото отсуство ќе биде биде голем удар за тимот на Боро Смилковски во четвртиот меч од финалната серија против МЗТ Скопје.