И Стојанов продолжува во Тиквеш, кавадаречкиот клуб го крои тимот за следната сезона

Тиквеш потврди дека го продолжува договорот и со Мартин Стојанов кој е стандарден првотимец.

Брзо по завршувањето на сезоната Тиквеш почна да ги обновува договорите на дел од фудбалерите кои се значајни за тимот.

Мартин Стојанов е четвртиот фудбалер кој го продолжи договорот, претходно тоа го направија и Мишов, Миловановиќ и Стојкоски.