
Теодосиќ може да се пензионира, Звезда му нуди две функции
Според информациите, 38-годишниот веќе има и понуди да продолжи да работи како функциониран и тоа од Црвена Звезда. Наводно на Теодосиќ му биле понудени функциите директор и потпретседател.
Теодосиќ зад себе освен за Звезда го носеше дресот на клубови како: Олимпијакос, ЦСКА Москва, ЛА Клиперс и Виртус Болоња. Низ кариерата освои и бројни признанија и трофеи меѓу кои и Евролигата, а ќе остане запаметен како еден од најдобрите организатори на игра со фаантастична визија и додавања.
Звезда ќе потсетиме во овој момент ја игра полуфиналната серија во АБА лигата со Будуќност, а победникот ќе биде одлучен со мајсторка во Подгорица.
Фото: KK Crvena Zvezda/X