Иско е МВП во Конференциската лига, избран и идеалниот тим

Шпанскиот мајстор за средниот ред, Иско, е прогласен за најдобар фудбалер на сезоната во Конференциската лига, објави официјално УЕФА.

Плејмејкерот на Бетис одигра клучна улога во одличната европска сезона на андалузискиот тим, која кулминираше со нивно прво европско финале во историјата.

Иако Бетис беше поразен во финалето од Челси со 4-1, Иско беше срцето и душата на тимот. Во текот на натпреварувањето тој запиша девет настапи, два гола и три асистенции.

Ова признание за Иско е само доказ за добрата форма со која игра поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и на 33 години. 

УЕФА објави и идеален тим на сезоната, во кој покрај Иско се најдоа и неколку од ѕвездите на Челси: голманот Јоргенсен, стоперот Тосин и креативецот Енцо Фернандез. Од Бетис друштво му прави Сабали, а тука се и Госенс од Фиорентина, Сешлар од Целје, Пулули од Јагјелонија, Нгуен од Ѓургарден и Кол Палмер од Челси.

Фото: Real Betis/X