
Пауновиќ го одбра составот за мечот против Луксембург
Од списокот за настап отпадна Мери Бишковска од Јанта Волеј КВ бидејќи се здоби со повреда на скочниот зглоб на еден од тренинзите и веќе е во процес на санирање на повредата.
„Од претходно најавив дека навистина имам тешка задача и со стручниот штаб бевме во сериозни дилеми околу изгледот на тимот за првиот меч. Сметам на сите и понатаму, се надевам дека и Бошковска ќе ја санира успешно повредата и што побрзо ќе ја имам на располагање. Од овие причини не го објавував составот се до крајниот рок“, кажа Пауновиќ.
Фото: Одбојкарска репрезентација на Македонија