
Стартуваат подготовките за Белгија и Казахстан: Милевски ги собра фудбалерите (ВИДЕО)
Селекторот Благоја Милевски во текот на вчерашниот ден го објави списокот на повикани фудбалери, а на овој собир ќе има и еден дебитант, Стефан Деспотовски кој зад себе сезонава има солидни настапи во српското првенство за ОФК Белград.
Поради повреди во комбинација за настап не се: Никола Серафимов, Дарко Велковски и Лирим Ќамили.
Натпреварот против Белгија го играме на 6 јуни во Скопје со почеток од 20:45 часот, додека три дена подоцна ќе гостуваме на Казахстан.
Во првите две кола од квалификациите Македонија се соочи со Лихтенштајн и Велс, средби во кои запишавме една победа и едно реми.