Роналдо ја даде првата „корпа“, сè уште бара екипа за следната сезона!

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо сè уште не решил каде ќе игра следната сезона, откако му завршува договорот со Ал-Наср, меѓутоа познато е каде сигурно не би заиграл.

Роналдо наводно добил понуда од ривалот на Ал-Наср, а тоа е Ал-Хилал кој сакал да го ангажира португалскиот голгетер, меѓутоа Португалецот ја одбил таа опција.

Еден од најдобрите фудбалери во историјата од 2023 година игра за Ал-Наср, а сега се шпекулира дека ќе ја напушти саудискиот тим, но засега нема конечна одлука од страна на Роналдо.

Ѕвездата на Ал-Наср оваа сезона настапи на 41 меч во сите натпреварувања, а притоа постигна 35 голови и четири асистенции.

Фото: Facebook/Al-Nassr FC