
Најдобриот фудбалер за врска во Серија А е пред преселба во Манчестер!
Првото засилување за „граѓаните“ се очекува да биде Тијани Рејндерс, холандски репрезентативец и креативен играч за врска кој сезонава блескаше во дресот на Милан. Иако италијанскиот гигант заврши на осмото место, Рејндерс беше прогласен за најдобар фудбалер од средниот ред во Серија А, што дополнително го привлече вниманието на англискиот шампион.
Според проценките, Манчестер сити би можел да плати околу 65 милиони евра за услугите на Рејндерс.
„Тој е различен тип на фудбалер од средината на теренот. Може да игра дефанзивно, но природно е централна осмица со офанзивен инстинкт. Особено е ефикасен последниве месеци, сезоната ја заврши со дури 15 постигнати голови“, пишуваат медиумите на Островот блиски до гигантот од Манчестер.
Рејндерс ја започна својата кариера во Зволе, а потоа настапуваше за младинскиот и сениорскиот тим на АЗ Алкмар, со кратка позајмица во Валвајк. Во Милан пристигна во 2023 година за 20,5 милиони евра и има договор до 2030 година. Според „Трансфермаркт“ неговата цена на пазарот изнесува 50 милиони евра.
Фото: AC Milan/X