Ѓокереш го одби Арсенал: Артета купува друг напаѓач за 70 милиони евра

Англискиот вицешампион Арсенал ова лето сака да купи ново засилување во нападот, а како главна желба на тренерот Микел Артета се споменуваше Виктор Ѓокереш, меѓутоа отпадна таа опција, па затоа стратегот реши да се насочи кон Бенјамин Шешко.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека „топчиите“ ги отвориле преговорите со Лајпциг за услугите на Шешко, а се очекува да плтат 70 милиони евра за реализација на трансферот.

Артета не е задоволен со опциите кои ги има во моментов во нападот на Арсенал, па поради тоа смета дека Шешко ќе помогне на лондонскиот тим во трката за титулата во Премиер лигата.

Шешко оваа сезона настапи на 45 меча во сите натпреварувања, а притоа постигна 21 гол и шест асистенции.

Фото: Facebook/Arsenal