Ѓокереш прави голема „жртва“ само за да потпише за Арсенал

Шведскиот голгетер Виктор Ѓокереш летово ќе го напушти Спортинг Лисабон, а како негова следна дестинација во кариерата го избра Арсенал, меѓутоа екипи допрва треба да ја договорат отштетата за трансферот.

Ѓокереш ги договорил личните услови со Арсенал, а новинарот Фабрицио Романо објави дека напаѓачот решил да се откаже од два милиони евра од неговата плата за да помогне во преговорите меѓу „топчиите“ и Спортинг.

Спортинг бара над 100 милиони евра за трансферот на Ѓокереш, а Арсенал засега не може да ја понуди посакуваната сума за шведскиот фудбалер.

Фото: Facebook/Sporting CP