Трет пораз за јуниорките на ЕП: Македонија загуби и од Шведска

Македонската кошаркарска репрезентација до 18 година вечерва загуби од Шведска со 41-81, а тоа беше трет пораз на Европското првенство (ЕП) во Б-дивизија, откако претходно беа поразени од Романија и Германија.

Нашите јуниорки му парираа на ривалот само на почетокот на средбата, но потоа Шведска ја презема контролата врз играта и на полувремето замина со убедливи 39-15.

Македонија не успеа да одговори во вториот дел, па предноста на Швеѓанките продолжи да расте до високи +40 (81-41).

Македонските јуниорки во следното коло од ЕП ќе се судрат против Ирска.

Фото: Кошаркарска Федерација на Македонија