Младите репрезентативци ремизираа против Словенија на вториот тест во Птуј

Репрезентацијата на Македонија до 18 години ремизира против Словенија (1-1) на вториот пријателски меч во Словенија.

Македонија беше подобра екипа во првото полувреме, отколку во второто, меѓутоа не реализираше неколку добри шанси за да оствари триумф.

Првиот пријателски меч меѓу двете селекции, исто така, заврши нерешено (1-1).