Детали од хоророт во Ливерпул: Повредени се 79 лица, меѓу нив и деветгодишно дете!

На прославата на шампионската титула на Ливерпул се случи вистински хорор, кога возач со својот автомобил почна да гази сè пред себе, при што во болница завршија дури 79 лица.

„Скај Спортс“ објави дека 79 лица се во повреда, при што најмладата жртва има девет години, а највозрасното повредено лице е 78-годишник.

Полицијата соопшти дека е уапсен 53-годишен маж кој управувал со возилото, но не откри дополнителни детали.

„Во моментов не може да откриеме детали од истрагата“, соопштија од полицијата.