
„Бомба“ од Лондон: Челси добива нов напаѓач!
Новинарот Фабрицио Романо објави дека Челси постигнал договор со Лијам Делап од Ипсвич, а неговиот трансфер ќе чини 30 милиони фунти колку што изнесува откупната клаузула во договорот.
Делап беше желба на многу тимови, меѓу кои беа Манчестер јунајтед, Евертон, неколку бундеслигаши и шпански клубови, но младиот напаѓач на крајот реши дека сака да игра за Челси.
Фото: Facebook/Chelsea Football Club