Пеп има фаворит за наследник на Де Брујне, но и план „Б“ од Премиер лигата

Манчестер сити не успеа да го доведе Флоријан Вирц од Баер Леверкузен, а на „Етихад“ веќе имаат нова идеја за фудбалер кој би го наследил искусниот Кевин Де Брујне.

Според информациите на познатиот италијански новинар Фабрицио Романо, „граѓаните“ веќе стапиле во контакт со Лион околу евентуален трансфер на младиот ас Рајан Черки.

Дваесет и едногодишниот офанзивец сезонава одигра 44 натпревари за Лион, постигна 12 голови и запиша дури 20 асистенции, со што привлече внимание од најголемите европски клубови. Според Романо, Сити сериозно ја разгледува неговата кандидатура како директна замена за белгискиот плејмејкер.

Но, тоа не е единствената опција за Пеп Гвардиола. Англискиот шампион има уште едно име на радарот, Морган Гибс-Вајт од Нотингем Форест. Дваесет и петгодишниот креативец сезонава во Премиер лигата забележа седум гола и 10 асистенции, и веќе подолго време важи за една од позначајните фигури во англискиот фудбал.

Гибс-Вајт би можел да ја напушти екипата од „Сити граунд“, а Манчестер Сити ако тргне по неговиот потпис сигурно ќе биде сериозен кандидат да го доведе.

Фото: Lyon FC/X