
Ариго Саки удри по Хојлунд: Си замислува дека е Ван Бастен
По доаѓањето на Бенјамин Шешко, Данецот тешко дека ќе има голема минутажа, Јунајтед се обидува да го продаде, но тој не прифаќа. Милан е еден од заинтересираните, само што Хојлунд не сака да оди таму.
„Хојлунд не сака во Милан? Што си замислува, дека е Ван Бастен? Ако те вика Милан, би требало да се спакуваш и да тргнеш со првиот авион. Манчестер Јунајтед исто така е легендарен клуб, но прави се за да го продаде, додека Милан му нуди статус на прв напаѓач. Лесно е да се одбере“, вели Саки.
Своите најдобри денови во кариерата, Хојлунд ги помина во италијанското првенство, но во дресот на Аталанта каде играше една сезона и постигна 10 гола.