Драма на СП: Пукотници прекинаа натпревар, ветерполистките веднаш побегнаа! (ВИДЕО)

Драматичен момент го обележа ватерполо натпреваот помеѓ репрезентациите до 20 години на Кина и Канада во Бразил каде што се одржува Светското првенство.

Имено, за време на натпреварот додека ватерполистките водеа битка во водата од близина на базенот се слушнаа истрели. Сцената предизвика паника кај сите присутни, а репрезентативките на двете држави веднаш го напуштија базенот.

Инцидентот се случи во градот Салвадор и според информациите на полицијата никој не бил повреден.

Во моментите на прекинот Кина имаше предност од 3-2.

„Натпреварот беше прекинат на околу една минута. Нашата екипа забележа дека полицијата реагираше и ја реши ситуацијата“, изјави Марко Антонио Лемос, претседаателот на сојузот за водени спортови на сојузната држава Бахиа.

На крајот од средбата Кина успеа да слав со 12-8.