
Беќири: Имавме физички и тактички проблеми
Азербејџанскиот клуб славеше со 5-1 и со вкупни 6-1 обезбеди пласман во плејофот за Лигата на шампионите. Ова беше убедливо најлошо издание на Шкендија во квалификациите за ЛШ, па својот настап на европска сцена ќе го продолжи во квалификациите за Лигата Европа каде ќе се сретне со Лудогорец или Ференцварош.
„Честитки за Карабах, ја заслужи победата и беше многу подобар. Немам што да кажам за поразот од 1-5. Игравме лошо во првиот дел. Ќе направиме анализа во текот на следната недела и ќе се подготвуваме за плеј-офот во Лига Европа. Имавме физички проблем и во интензитетот, како и тактички проблеми. Примивме многу рани голови. Интензитетот на мечот беше висок. Не очекувавме ваков резултат, но мора да извлечеме поуки“, изјави Беќири.