Дуплантис кој знае по кој пат го урна светскиот рекорд и заработи нови – 100.000 долари!

Шведскиот атлетичар во скок со стап, Арманд Дуплантис, повторно испиша историја, откако постави нов светски рекорд на митингот „Ѓулаи Иштван Меморијал“ во Будимпешта.

Тој скокна 6,29 метри и по 13-ти пат во кариерата ја помести границата на оваа дисциплина. Дуплантис одновои го надмина сопствениот рекорд за само еден сантиметар — стратегија што ја применува секогаш, бидејќи за секое поставување на нов најдобар резултат инкасира по 100.000 долари.

Швеѓанецот уште од 2020 година реди рекорд по рекорд, демонстрирајќи апсолутна доминација во оваа дисциплина, а со рекордот во Будимпешта уште еднаш ја потврди репутацијата на најголема ѕвезда во современата атлетика.