
Скандал: Виетнам избркан од СП поради – машки одбојкарки во тимот!
Од ФИВБ информираа дека по појавените сомнежи за нерегуларен играч во составот на Виетнам, спровеле истрага и утврдиле дека таа не ги исполнува условите за настап, согласно член 12.2 од Дисциплинскиот правилник на федерацијата. Сите натпревари на кои играчката настапила се регистрирани со службен пораз за Виетнам, а истата е дисквалификувана од натамошното учество. Случајот ќе биде проследен до Дисциплинската комисија за дополнителна процена и можни санкции што би важеле и по завршувањето на турнирот.
Иако не е прецизирано за каков вид нерегуларност станува збор, од неколку репрезентации претходно беа упатени сомнежи дека се работи за трансродни лица, односно одбојкарки кои биле родени како момчиња. ФИВБ најави дека нема да дава дополнителни коментари додека постапката е во тек.
ФОТО: FIVB