
Донарума потврди дека си оди од ПСЖ: Некој одлучи дека не можам да бидам дел од овој тим
Францускиот и европски првак веќе донесе нов голман, а со објавата на Донарума на социјалните мрежи се потврдуваат шпекулациите од последните неколку дена.
„Од првиот ден кога дојдов, дадов се од себе, на и надвор од теренот, да се изборам за моето место и да го бранам голот на ПСЖ. За жал, некој одлучи дека не можам повеќе да бидам дел од оваа група и да придонесам за тимските успеси. Јас сум разочаран, но на моите соиграчи, моето второ семејство, сум благодарен за секоја битка, секоја насмевка, секој момент што го поминавме заедно“, напиша, меѓу другото, Донарума.
Засега нема најава каде би можел да ја продолжи кариерата, но како можни дестинации се спомнуваа Фенербахче и Интер.