Шеталиште во село во Англија доби име по Ландо Норис (ВИДЕО)

Новиот светски шампион во Формула 1, Ландо Норис ги инспирираше своите сонародници да именуваат шеталиште по него, во селото Стрит со население од речиси 13.000 жители, во округот Сомерсет.

Ландо е роден во Бристол, но пораснал во Гластонбери, а селото Стрит за кое станува збор се наоѓа на околу 3 километри од Гластонбери. Новото име на шеталиштето е „Ландо Лејн“, а локалното градско собрание се пофали дека знаците со новото име се поставени утрово. Улицата е во тој дел од населбата - Кларкс Вилиџ, каде што се концентрирани најголемите и најпопуларните продавници и има постојан проток на луѓе.

Возачот на Мекларен пораснал во Сомерсет, каде што почнал да се натпреварува во картинг, а оваа година Воздухопловните сили неколку пати објавија дека благодарение на неговите силни перформанси, тие сè повеќе се насочуваат кон картинг, посочувајќи го Ландо како нивна инспирација.