Слот првпат се огласи за Салах: Мојот став е јасен!

Од натпреварот за викендот против Лидс една од главните теми во англиската јавност е ситуацијата со Мохамед Салах во Ливерпул, а сега се огласи и Арне Слот.

Салах на последните дуели беше на клупата за резерви, па по дуелот со Лидс збруваше дека се чувствува предадено од клубот и поради тоа Слот воопшто не го повика за дуелот со Интер во Лигата на шампионите.

Холанѓанецот призна дека не очекувал таква изјава од Египќанецот.

„Со оглед на неговото однесување на тренинзите во последните денови не очекував таква изјава. Мојот став за неговите зборови е јасен, а одговорот е тоа што сега не е тука со нас во Милано“, одговори Слот на прашањето од новинарите за Салах.

Натпреварот помеѓу Интер и Ливерпул се игра утре во терминот од 21:00 часот.

Фото: EPA