Бизарен прекин во Србија: Снема струја на стадионот (ВИДЕО)
На самиот старт од второто полувреме по само четири минути игра одеднаш настана целосна темница на стадионот, па судијата беше принуден да ги испрати фудбалерите во соблекувалната.
Резултатот во моментот на прекинот беше 1-1, а головите беа постигнаати во првото полувреме. Чукарички можеше да дојде и до предност, но не реализираше најстрога казна.