Мбапе ќе сака што побрзо да ја заборави Селта - го скршил и прстот!
Покрај поразот на неговиот тим, Мбапе во овој натпревар за првпат по еден месец не постигна гол, но и тоа не е најлошото што му се случи.
Имено, Французинот се здобил со скршеница на прст на левата рака и ова е само уште една лоша вест за тренерот Алонсо пред дербито со Манчестер сити во Лигата на шампионите.
Претходно беше објавено и дека Едер Милитао ќе мора да паузира четири месеци. Засега настапот на Мбапе не се доведува во прашање и тој би требало да истрча на теренот во натпреварот кој се игра в среда од 21:00 часот.
Алонсо најверојатно нема да може да смета на Камвинга, додека сигурно ќе биде без: Хујсен, Аролд, Ферлан Менди и Давид Алаба.
Фото: EPA