Пелистер прокоцка „плус два“ во Гостивар и освои само бод против Арсими
Воведните минути не понудија возбудувања, но затоа во 15. минута Пелистер го зададе првиот удар кон Арсими и погоди преку Керим за водство од 1-0.
Арсими се обиде да возврати, меѓутоа не ги реализира своите шанси, па битолчани преку Ристовски зголемија на 2-0 во Гостивар.
На стартот на вториот дел Арсими намали на 1-2 преку Шефити и се врати во трката за бодови. Сепак, Пелистер повторно стрелаше преку Ристевски и се врати на „плус два“ во 65. минута.
Вистински шок за битолчани следеше во завршните 10 минути од мечот, кога Арсими со погодоци во 81. и 83. минута на Асани и Бесагиќ стигна до конечни 3-3.
Standings provided by Sofascore