Елмас: За Наполи ќе направам сè што можам, ќе играм на - секоја позиција!
Елмас играше како дефанзивен фудбалер од средниот ред, позиција на која Конте веќе неколкупати го употребува во последно време. Македонскиот фудбалер вели дека за Наполи би играл на секоја позиција.
„На теренот се обидувам да направам сè што можам. Моментално на тимот му е потребен подефанзивен играч за врска и мислам дека одговорив добро на предизвикот. Најважно нешто е што Наполи победи, ако од мене се бара и нешто друго, ќе се потрудам да го направам и тоа. Играњето со Мектоминеј е убаво, тој е малку поофанзивен па јас покривав за него. Да се игра на таа позиција мора да бидеш интелигентен, во спротивно нема да можеш да покриеш. Добро се подготвивме за натпреварот против Јувентус, одигравме со еден напаѓач и покажавме добар пресинг, а на крајот освоивме важни три бода“, изјави Елмас.
Познато е дека Елмас може да игра на сите позиции во средниот ред, а тоа го прави многу корисен фудбалер за тренерите.