Нејмар го спаси Сантос од испаѓање, па одлучи: Морам на операција!
Откако вчера беше остварена целта, некогашниот суперстар на Барселона откри не толку убави вести. За неколку дена тој ќе мора да оди на операција на коленото со цел да заздрави навреме за Светското првенство.
„Ова беа тешки недели за мене. Сакам да им се заблагодарам на сите што ми помогнаа. Да не беа тие, немаше да можам ниту да ги играм сите овие натпревари поради повреди. Сега ќе одморам малку, а потоа ќе морам да го оперирам коленото“, рече Нејмар.
Селекторот на бразилската репрезентација Карло Анчелоти неодамна изјави дека би го земал на Светското првенство ако биде во посакуваната форма, па Нејмар со сите сили ќе се обиде да ги исполни неговите барања.