Арсими и Пелистер ја спуштаат завесата на есенската полусезона!
Арсими е едно од најпријатните изненадувања во првиот дел од сезоната, во овој момент се на шестото место на табелата, а со евентуален триумф против Пелистер би можеле да се качат и позиција погоре.
Во добра форма се, имаат две победи на последните два натпревари и тоа против Шкендија и Силекс, па со право ја имаат улогата на сериозен фаворит против Пелистер.
„Овој натпревар е исклучително важен за нас. Во позитивен момент сме по победите над Шкендија и пред неколку дена против Силекс во Кратово, но тие победи ќе добијат целосна вредност само ако успееме да славиме на овој натпревар. Мора да влеземе концентрирани и без потценување, затоа што Пелистер знае да биде опасен. Нашата цел е јасна, да ja завршиме полусезоната со победа. Работевме многу и веруваме во нашите сили. Се надеваме дека навивачите ќе бидат со нас, затоа што нивната поддршка ни дава дополнителна енергија”, изјави фудбалерот на Арсими, Ринор Ајдини.
Пелистер по големата гриза во која беше западнат, полека се исправи, на последните три меча нема пораз, има две победи и едно реми, па се надева дека нема да го положи оружјето ниту во Гостивар кај Арсими.