Нов пораз на Реал - нова тура плачење од Мадрид
Кулминација на кризата на екипата беше синоќешниот пораз од Селта на домашен терен со 0-2 во меч во кој мадридскиот клуб доби дури три црвени картони од кои два на теренот (Фран Гарсија и Карерас) и еден надвор од него (Ендрик). Домашните фудбалери беа повеќе насочени кон работата на судијата, отколку кон својата игра што предизвика нервоза во тимот и тоа резултатираше со срамен пораз, прв од Селта на домашен терен по 19 години.
Очекувано, по натпреварот, главна цел на сите беше судијата Квинтеро Гонзалес кој имаше храброст да ги санкционира сите навреди упатени кон него од фудбалерите на Реал. Чудно е што критики кон него испрати и тренерот Чаби Алонсо кој досега се обидуваше да држи ниво и да не влегува во такви преписки.
„Ја морам да ја спомнам судиската тројка. Нивните одлуки вечерва не излудеа и воопшто не ми се допаѓа нивното издаание. На прмер, главниот судија едвај чекаше да му покаже црвен картон на Алваро. Во неколку делови од натпреварот судијата го имаше главниот збор“, рече Алонсо по натпреварот.
Многу пожестока беше телевизијата на Реал Мадрид која, во свој стил, го вклучи главниот адут - Негреира во целиот случај.
„Иако не влијаеше на резултатот (!?), настапот на Квинтеро Гонзалес беше очаен. Пристрасен е, исто како што и судиите од времето на Негреира беа пристрасни. Со сите сили сакаше да добие признание за својата работа, дали за номинирање на меѓународни натпревари, дали за најголемите дерби дуели во Ла Лига. Им дозволи на играчите на Селта да крадат време кога сакаат и како сакаат. Што друго да се очекува од оваа Негреира-лига...“, објави РМТВ.
За разлика од очајните обиди на Алонсо и клупската телевизија да го релативизираат поразот и да најдат виновници на друга страна, навивачите беа максимално реални и точно покажаа што мислат за игрите на нивниот омилен тим. Присутните на Бернабе жестоко ги извиркаа фудбалерите по последниот судиски свиреж, точно покажувајќи им што мислат за нивната очајна форма во последно време.
фото: EPA photo