Дончиќ со трипл дабл се врати во екипата на Лејкерс (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс славеше на гостински терен против Филаделфија со 112-108, во првиот меч по враќањето на Лука Дончиќ.

Словенецот минатата недела замина во татковината да присуствува на раѓањето на своето второ дете, но пристигна навреме за дуелот со Сиксерс и одигра извонредно. Стигна до својот втор трипл дабл ооваа сезона, постигнувајќи 31 поен, 15 скока и 11 асистенции, со шут од игра 9/24.

Сепак, мора да се истакне дека имаше фантастична поддршка од Леброн Џејмс, кој постигна 29 поени, седум скока и шест асистенции. Лејкерс го свртеа натпреварот во третата четвртина, откако во еден момент губеа со двоцифрена разлика.

Домаќините се вратија во последните минути, израмнувајќи го резултатот на минута и пол до крајот, но потоа Леброн стапи на сцена со тројка и „долга двојка“, а во последните минути Дончиќ беше сигурен од линијата за слободни фрлања за конечен триумф на „езерџиите“.

Лејкерс се трети на Западот со биланс од 17/6, додека Сиксерси се седми на Исток со 13/10.

РЕЗУЛТАТИ
Јута - Оклахома 101-131
Филаделфија - ЛА Лејкерс 108-112
Чикаго - Голден Стејт 91-123
Шарлот - Денвер 106-115
Мемфис - Портланс 119-96
Торонто - Бостон 113-121
Њујорк - Орландо 106-100