Хаосот во Ливерпул се зголемува, клубот ќе го казни Салах!?

Изјавата на Мохамед Салах беше масло во оганот за Ливерпул, се чини дека атмосферата во црвениот табор сега е уште полоша откако јавно излегоа проблемите.

Салах без влакно на јазикот распука по Слот и клубот, а според информациите Ливерпул размислува да го казни египетскиот фудбалер.

Треба да донесат одлука дали Мохамед Салах ќе патува денеска во Милано каде утре Ливерпул му гостува на Интер во Лигата на шампионите.

Атмосферата во Ливерпул, особено по изјавата на Салах е неодржлива и наскоро ќе треба да биде пресечено кој да остане, дали Слот или египетскиот фудбалер.