Шок на Бернабе: Реал тотално потона, Селта ги однесе бодовите (ВИДЕО)
Ова е втор пораз за Реал оваа сезона, но прв на домашен терен, а најважно е тоа што од +5 во однос на Барселона, „кралевите“ сега се на -4 и во опасност да го загубат дури и второто место на табелата. На претходните натпревари Килијан Мбапе знаеше да ја спаси ситуацијата, ама вечерва и тој зариба и тоа се одрази на резултатот.
Проблемите за Реал почнаа уште во 24. минута кога повторно се повреди Едер Милитао, но она што беше најважно се случи во второто полувреме. Тренерот Гиралдез ја погоди измената, по паузата во игра го стави Сведберг, а овој се заблагодари со два гола. Двата беа атрактивни, при првиот, со магичен допир ја испрати топката во мрежа, а при вториот, го издрибла Куртоа и влезе заедно со топката во мрежа.
Фудбалерите на Реал толку беа немоќни и нервозни што го завршија натпреварот со два црвени картони. Предвреме во соблекувална заминаа Фран Гарсија и Карерас, дефанзивци кои и додека играа беа меѓу најслабите на теренот.