Реал загуби од Селта, а Алонсо вели: На вистинската патека сме!
Ситуацијата за Реал Мадрид е далеку од идеална во овој момент, но Алонсо јавно вели дека се е под контрола.
„Тимот сака да се натпреварува, на вистинската патека сме без разлика дали поминуваме низ добар или лош момент“, вели Алонсо.
„Дали се чувствувам доволно силно да ја свртам ситуацијата? Дефинитивно, дефинитивно“.
„Губење дома се случува понекогаш, не е пријатно, но се случува“.
Шпанскиот тренер распали по судијата и тоа без влакно на јазикот.
„Судењето не излудуваше. Судијата како да чекаше да му даде црвен на Алваро Карерас. Судењето беше многу лошо. Им дозволуваше на фудбалерите на Селта да задржуваат време, никогаш не ги опомена за тоа, ужасни перформанси“.