Пирова победа за Ферстапен, Норис со подиум до прва титула! (ВИДЕО)
На денешната трка Ферстапен тргна сигурно од самиот старт и во ниту еден момент не ја испушти лидерската позиција, меѓутоа победата не му беше доволна затоа што Норис заврши како трет што му беше доволно шампионската титула.
Видовме мала драма во почетните кругови кога Норис падна и до петтата позиција, меѓутоа набрзо се врати и го задржа третото место до крајот на трката. Вториот возач на Мекларен, Оскар Пјастри кој во Абу Даби исто така имаше шанси за титула заврши како второпласиран, додека во генералниот пласман е трет зад својот тимски колега и Ферстапен.
The moment of glory 🏆#F1 #AbuDhabiGP pic.twitter.com/GJZJQ1oKnZ
— Formula 1 (@F1) December 7, 2025
Леклер заврши зад водечката тројка и денеска возеше агресивно, се обидуваше да му направи проблеми на Норис, меѓутоа како што одминуваше трката возачот на Мекларен изгледаше посигурно и не си дозволи грешка која би го симнала од подиумот.
За Ферстапен ова беше осма победа во сезоната, Норис остана на седум, сепак во генералниот поредок за два бода заврши пред Холанѓанецот.
Фото: EPA