Чаир го преслуша Феникс за трета победа по ред
Гостинскиот тим тргна силно и во ниеден момент од мечот не беше во негатива. Отвори со 7-2, во шестата минита водеа со 15-7, а во финишот од воведната четвртина и со 24-10. Феникс имаше свои моменти, но не играше добро континуитет, па Чаир ја одржуваше високата предност, со мали осцилации во играта и резултатот.
Чаирчани на почетокот од второто полубреме ја достигнаа највисоката предност (50-33), Феникс потоа одговори со серија од 10-0, а најмногу се доближи на четири минути пред крајот кога на семафорот стоеше 50-53. Чаир го одби тој налет со серија од 9-1, домаќините и во последната четвртина дојдоа на 59-63, ама и тогаш Тачи и Чатман се погрижија да се врати високата предност која остана недостижна за Феникс.
Билингсли беше најдобар играч на Чаир со 22 поена и 12 скока, но се истакнаа и Четмен со 18 поени и особенон Тачи со 11 поени, 10 асистенции и шест скока. Рахама и Ниа го предводеа Феникс со по 16 поени.