Хојлунд стрелаше, Наполи го тресна Јуве за прво место на табелата (ВИДЕО)

Италијанскиот првак Наполи ја оствари третата победа во низа во Серија А откако вечерва славеше во дербито со Јувентус со 2-1.

Во центарот на вниманието беше данскиот репрезентативец Расмус Хојлунд кој ги постигна двата гола за својот тим, но останува прашање како Наполи не го прегази можеби најслабиот Јувентус во историјата. И не само што не го направи тоа, туку стравуваше за победата до последниот судиски свиреж бидејќи торинскиот тим имаше шанса за израмнување длабоко во надополнувањето на времето.

На првиот гол се чекаше само нешто повеќе од шест минути кога Нерес како „мало дете“ го помина Копмајнерс, врати во петерецот, а таму Хојлунд само ја чепна топката која заврши во мрежата. Јувентус потоа ја презеде иницијативата, но израмни дури во 59. минута и тоа преку единствениот фудбалер кој заслужува да игра во најтрофејниот италијански клуб - Кенан Јилдиз. Моментот на одлука се случи во 78. минута кога Хојлунд се најде осамен пред голот на Јуве и со глава го совлада Ди Грегорио.

Со оваа победа Наполи привремено се искачи на првото место на табелата со 31 бод, еден повеќе од Интер, но Милан утре може да го преземе врвот ако слаби кај Торино.

 

Standings provided by Sofascore