Прими пет гола од „каталонците“, па удри по нив: Барса не е најсилен тим против кого сме играле

Тренерот на Бетис, Мануел Пелегрини има исклучително лош биланс против Барселона во својата кариера, а тоа продолжи и на вчерашниот меч против овој ривал на домашен терен.

„Каталонците“ победија со 5-3, во еден период водеа и со четири гола разлика, но чилеанскиот стручњак не смета дека Барселона е најсилен тим против кого играл Бетис оваа сезона.

„Направивме неколку тешки одбранбени грешки, а Барселона со леснотија ги завршуваше нападите. Имавме лош ден, а не можете да си дозволите лош одбранбен ден против Барселона. Мислам дека противникот не е толку добар, всушност не е ни најдобар против кого сме играле оваа сезона“, рече Пелегрини.

До вчерашниот натпревар, Бетис на домашен терен имаше само шест примени гола, а од Барса прими речиси уште толку.