ФИФА воведе нови правила за СП 2026 - нема да им се допаднат на тренерите и фудбалерите!
Во финалето на Мундијалот ќе има вистински спектакл, кој ќе биде идентичен на Суперболот, но воедно се воведуваат и построи медиумски правила за интервјуата со фудбалерите и стратезите.
Тие ќе мораат да даваат изјави за време на полувремето, а ФИФА се надева дека правилото ќе биде испочитувано од страна на учесниците на Мундијалот.
Ова отвора дилема дали тренерите и фудбалерите ќе имаат време да потрошат и на интервју за време на паузата меѓу двете полувремиња, посебно ако станува збор за важен натпревар или резултат.