Ливерпул испрати јасна порака: Салах дозна лоша вест пред мечот со Интер!

По состаноците кои се одржаа во претходните денови, управата на Ливерпул донесе одлука да го исфрли Мохамед Салах од тимот и тој нема да биде во конкуренција за мечот против Интер во Лигата на шампиони (ЛШ).

Салах го критикуваше тренерот Арне Слот и клубот, односно кажа дека некој сака да го избрка од „Енфилд“, по што следеше експресна реакција од управата на премиерлигашот.

„Салах нема да биде во составот на Ливерпул. Тој не е во конкуренција за мечот против Интер“, објави новинарот Фабрицио Романо.