Проблеми за Реал: Една од ѕвездите ќе биде во „аут“ до пролет!
Дефанзивецот на „кралевите“, Едер Милитао доживеа тешка повреда поради која ќе мора да паузира од три до четири месеци, што значи дека на теренот би се вратил дури во втората половина на март.
Ова за бразилскиот фудбалер е ужасна вест затоа што во последните две години имаше две долги паузи од по осум месеци.
„Кралскиот клуб“ следниот меч го игра против Манчестер сити в среда од 21 часот, а доколку загуби би можел да настрада тренерот Чаби Алонсо.