Македонска фудбалерка се најде на радарот на Јувентус!
Грозданова иако има само 16 години веќе е дел од сениорската репрезентација на Македонија, а неодамна помогна и на селекцијата до 19 години да стигне до „А“ лигата во квалификациите за Европското првенство.
Сезонава е ефикасна и во дресот на Љуботен за кој постигна осум гола, минатата иако со фудбалерки многу повозрасн од себе стигна до бројката од 12 погодоци.
„Висока и технички одлично подготвена остав впечаток на фудбалерка која ги има сите квалитети за да стане големо име во европскиот фудбал. Јувентус внимателно ја следи и верува дека совршено би се вклопила во целиот проект“, пишува Галети.
Останува времето да покаже, дали Јувентус и посериозно ќе тргне по нејзиниот потпис, а нема дилеми дека тоа би бил огромен чекор напред за Грозданова.