Извршена ждрепката за ФА Купот: Јунајтед доби најтежок противник од гигантите
Судбината им беше наклонета на повеќето од великаните, но ќе има и неколку интересни двојки кои го привлекуваат вниманието. Манчестер Јунајтед ќе има незгоден противник во Брајтон, но добрата вест за „црвените ѓаволи“ е дека ќе бидат домаќини на својот Олд Трафорд.
Дербито во оваа фаза, сепак, изгледа дека ќе биде помеѓу Тотнем и Астон Вила, кои ќе ги одмерат силите во Лондон. Ливерпул исто така ќе биде домаќин, но против многу поприфатлив противник - Барнсли. И Арсенал не може да се пожали на ждрепката што ги испрати да гостува кај Портсмут. Манчестер Сити ќе биде домаќин на Ексетер, Челси има лондонски судир со локалниот ривал Чарлтон.
Бранителот на трофејот Кристал Палас ја започнува својата одбрана со гостување во Маклсфилд.